spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Ја деполитизираме јавната администрација преку зајакната примена на начелата на заслуги,...

МИОА: Ја деполитизираме јавната администрација преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и соодветна и правична застапеност

На покана на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири беше дел од дискусијата за Законот за висока раководна служба.

Меѓу панелистите беа и Љупчо Николовски, Заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Миша Поповиќ, Раководител на центар-постар истражувач на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Билјана Ивановска, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. Со Законот за административни службеници е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба’, потенцираше министерот Шаќири.

Министерот исто така посочи дека, Концептот на Висока раководна служба е започнат уште во 2018 година. Системот на висока раководна служба, кој како новина се предлага со овој закон, треба да обезбеди постигнување на две клучни цели, и тоа:

1)      Професионални високи раководители, избрани преку отворена и меритократска постапка.

2)     Воспоставување на односи на доверба и одговорност помеѓу политички избраните и именуваните лица и високите раководители.

Согласно годишната програма за работа на Влада, пакетот закони треба да влезе во Владина процедура во јуни, па во текот на летото ќе бидат доставени и во Собраниска процедура.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...