spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕАферата каде 250.000 евра од РЕК Битола завршуваат кај Вице Заев покажува...

Аферата каде 250.000 евра од РЕК Битола завршуваат кај Вице Заев покажува зошто Македонија е на 111 место по индексот на корупција

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Филибастер“ зборуваше за последниот скандал кој ВМРО-ДПМНЕ го обелодени каде 250.000 од РЕК Битола завршуваат кај братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

-Ова е еден од оние случаи каде детално се опишува спрегата на инстиуциите кои што сепак на крајот треба да завршат со лично богатење на фамилијата Заеви, нешто кое ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад како факти го произнесува во јавноста. Морам да кажам дека не сум изненаден од ваквото поведение, имајќи ги во предвид претходните афери „Мафија 1“ „ Мафија2“ „Рекет 1 и 2“, онаа афера со провизиите со вакцините кои што еве би рекол цело наше соседство почна во јануари со вакцинацијата, а ние почнавме најпоследни. Ова е само еден след на скандалозни околности како што можевме да видиме во овие пријави кои за подобро информирање на јавноста биле фризирани и можеме да видиме дека првата страна на двете пријави само содржината е сменета односно фали оној дел во онаа оригинална пријава каде што е споменато името на братот на премиерот, оној кој што целата македонска јавност знае дека е одговорен за ваквите работи во оваа држава и дека не смее ниту еден бизнис, ниту еден тендер да помине без тој човек да даде амин. Овој пат аминот бил изразен во цифра кој што можеби е поскрамно од оние индикации кои што го говорат дека бил, и многу поопширен во барањата, рече Стојаноски.

Пратеникот во текот на своето гостување укажа дека заканите кои ги прави братот на првиот човек во Владата укажува зошто Македонија е на 111 на Транспаренси Интернешалнал по однсо на индексот на корупцијата.

-Овде може да се види и однесување на оној директор кој сега беше награден со место во извршниот одбор на СДСМ, како ги упатува луѓето вие ја добивте работата, па еве дајте 50 или 99% на некоја друга фирма која што е блиска до фамилијата која е на власт или платете директно на човекот, еве го контакт. Она кое е скандалозно што самиот брат на првиот човек на Владата во оваа држава им се јавува дирекно на луѓето и им вели дека ако не направите тоа што го барам ќе се случи тоа, ќе дојде тој да земе тоа и укажува дека ние во оваа држава имаме сериозен проблем и она 111 место на Транспаренси Интернешанал по индексот на корупција укажува зашто сме таму каде што сме, кажа Стојаноски.

Стојаноски порача дека за се ова што го прави мафијата на власт еден ден ќе одговараат и дека ваквото нивно однесување мора да запре што поскоро.

-Верувам дека еден ден за овие работи ќе има темелна истрага и да не се лажат овие луѓе дека нема да има одговорност, затоа што ова мора да запре некаде и ова однесување кое станува се позасилено во периодот позади нас неколку месеци веќе народот тоа го гледа и граѓаните не можат да издражат живеат ваква, додаде Стојаноски.

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...