spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСлучајот „27-ми април“ е пример како не треба да се води судска...

Случајот „27-ми април“ е пример како не треба да се води судска постапка

„Апсолутна неправда е тоа што се има случено и пресудите, страшните неправедни пресуди кои што ги има за лицата од 27-ми април. Но ние како политичка партија се бориме за правда. Се бориме за постапки кои што на транспарентен и ефикасен начин ќе дозволат лица да ја покажат својата невиност, а доколку не е невин судот секако да го осуди. Но ова што го имаме сега е невини лица кои што лежат по затвори, а криминалци кои што сите гледаме и слушаме што прават на секојдневно ниво, како шетаат слободно, па дури и за жал голем број од нив извршуваат и политички функции. Тоа е тоа на кое што мораме под итно да ставиме крај“,истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Муцунски додаде дека треба Македонија да има различен систем на вредности. Криминалците треба да лежат во затвор, а невините да се ослободат со помош на повторно судење. ВМРО-ДПМНЕ бара само правда.

„мораме да бидеме одлучни и до крај да ја истераме таа борба за правда“, нагласи Муцунски.

Муцунски посочи дека дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот кој ќе се одржи на 29-ти мај.

„Дефинитивно го поддржуваме тој процес, јас би рекол пред се сите ние како поединци кои што сме дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а секако како и политичка партија бидејќи веруваме дека се работи за апсолутна неправда. Апсолутна неправда која што е пример како не треба да се води судска постапка. Судска постапка која што е обременета со докази кои што не се докази, кои што се потпира на сведоштва на луѓе кои што се вбројуваат помеѓу наjкриминогените поединци во нашето општество за кои сите знаеме, и тоа е начинот на кој што не треба да функционира правосудниот систем“, појасни Муцунски.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ застанува позади своето барање, а барањето е за правда, но и барањето е и за слобода. Тие луѓе се лишени од многу моменти од кои што не заслужувале да бидат лишани.

„Луѓето заслужуваат слобода, заслужуваат правда, заслужуваат пред една фер судска постапка да ја докажат повторно својата невиност“, порача Муцунски.

Извор: ВМРО

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...