МЖСПП: Под мотото „за природата и за луѓето“ одбележан денот на Натура 2000

МинистерстваМЖСПП: Под мотото „за природата и за луѓето“ одбележан денот на Натура...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, општина Пехчево се одбележа Европскиот ден на Натура 2000. По отварањето на настанот од страна на Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата, поздравно обраќање имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Odbelezan_denot_na_NATURA2000-3„Денес кога го одбележуваме 21ви Мај сакам да истакнам дека Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Фармахем, Македонско еколошко друштво и национални експерти преку Програмата за зачувување на природата, спроведе низа активности во Источно Планскиот регион поврзани со Натура 2000 процесот во идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење“ – рече Нуредини, додавајќи дека овој крај е познат по тоа што луѓето живеат во баланс со природата. „Сметам дека токму заштитените подрачја можат да донесат бенефит на локалното население и да ги задржат младите да не се иселуваат во странство. Ние како Министерство ќе продолжиме да работиме на развојни политики и програми и да спроведуваме активности за заштита и зачувување на природата. Тоа подразбира и хармонизирање на националното законодавство со ЕУ директивите и регулативите, особено со директивите за живеалишта и птици, кои се однесуваат на Еколошката мрежа Натура 2000“- истакна министерот Нуредини.

Мрежата на Натура 2000 претставува еколошка мрежа на заштитени подрачја воспоставена во сите земји на Европската Унија. Таа зазема преку 18% од копнениот дел и речиси 6% од водната површина од територијата на ЕУ и овозможува дом на загрозените видови растенија и животни. Нашата земја работи на идентификување на овие подрачја кои ќе бидат официјално прогласени со официјалното пристапување кон Европската Унија, но придобивките се чувствуваат уште со почетокот на ставање на истите во фокус.

Odbelezan_denot_na_NATURA2000-4Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија – Сибил Сутер Техада, зборуваше токму за значењето на воспоставување на оваа мрежа на патот кон ЕУ, па оттаму потребата и јавноста да биде информирана за истата. „Важно е луѓето да живеат во хармонија со природата и околината. За наше добро и за доброто на нашите млади генерации и нивната иднина, ние мора да ја почитуваме, заштитуваме и зачувуваме природата што е можно повеќе и во исто време, да обезбедиме социјална и економска корист за локалното население. Тоа е можно само ако сите ги здружиме силите и ги посветиме нашите напори за здрава животна средина, подобар живот на граѓаните и посветла иднина на младите генерации!“ изјави Техада, додавајќи дека Швајцарската агенција за развој и соработка повеќе години работи на заштита на природата заедно со институциите.

Odbelezan_denot_na_NATURA2000-5Каја Шукова, претседателот на управниот одбор на Програмата за зачувување на природата истакна дека врз основа на научна проценка за присуство на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење дел од Малешевските Планини веќе е идентификувано како потенцијално подрачје за Натура 2000 мрежата. „Тоа претставува додатна вредност за природата и за луѓето и можност за заштита и зачувување на природата и одржлив развој на локалните заедници“ изјави Шукова.

Градоначалникот на општина Пехчево – Драган Тренчовски потенцираше дека настанот не случајно се наоѓа токму на овој локалитет и за значењето на Натура 2000 на локалниот развој. „Се наоѓаме на само неколку километри од локалитетот Еленско Блато и сливот на Пехчевска Река кои се дел од предлженото подрачје за Натура 2000: Малешевски Планини, како ретки шумски тресетишта. Верувам дека Натура 2000 ќе придонесе кон промоција на природното богатство во Малешевијата, а истовремено ќе биде од корист и за локаните жители кои ќе можат да ги применуваат одржливите практики во земјоделството, шумарството, но истовремено ќе се искористат и условите за развој на екотуризам и одржливо користење на природните ресурси“ рече Тренчовски.

Мотото „за природата и за луѓето“ на Натура 2000 укажува токму на ова, дека треба да ја заштитиме природата, но притоа да и помогнеме и на локаната економија и население.

Настанот го организира Министерството за животна средина и просторно планирање, со поддршка на Програмата за зачувување на природата, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од Фармахем.

Повеќе информации за Натура 2000 во следните видеа:

https://www.youtube.com/watch?v=t27X0duXBME

https://www.youtube.com/watch?v=z9PqS49PSw0

https://www.youtube.com/watch?v=uY5X3obEbxM

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img