spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНајмалку 7 луѓе треба кривично да одговараат за рекетот и фалсификувањето изјави...

Најмалку 7 луѓе треба кривично да одговараат за рекетот и фалсификувањето изјави во МВР и ЈО

Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра.

 

Денеска сме сведоци на криминал до гуша на фамилијата Заеви, каде што 2 случаеви се клучни кои денес беа објавени.

 

Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.

 

Второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000€.

 

Значи да сумираме, за овие 2 дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш:

 

-Вице Заев

 

-Васко Ковачевски

 

-Стојан Чифлигароски

 

-Лазе Велковски

 

-Оливер Спасовски

 

-Вилма Русковска

 

-Љубомир Јовевски

 

П.С. Ме прашуваа денес одредени новинари, дали името СВ Инвест значело –

 

Стојан; Вице Инвест, па еве јавно да упатам прашање, дали СВ е иницијали на овие двајца луѓе?

 

П.С.С Вице се жали и плаче дека Мицкоски му се заканувал и дека ќе одговарал. Погрешно разбрал, не е закана, вистина е.

Извор: ВМРО

 

Ќе одговараш!

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...