spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПродолжуваме со реализација на конкретни мерки и политики за унапредување и афирмација...

Продолжуваме со реализација на конкретни мерки и политики за унапредување и афирмација на македонскиот јазик

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев реализира конкретни мерки и политики, кои обезбедуваат зачувување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик како темел на македонскиот идентитет.

Токму Владата предводена од СДСМ, пред две години, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Оваа година, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над 100 илјади зборови.

Јазичното богатство во толковниот речник на македонскиот јазик е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и за неговата автентичност во светската листа јазици.

Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.

Владата усвои мерки кои предвидуваат афирмирање на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик, со цел за негово уште поголемо унапредување.

Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик.

Извор: СДСМ

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...