spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: Прес-конференција на вицепремиерот Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел...

СЕП: Прес-конференција на вицепремиерот Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес (среда, 26 мај 2021г.) ќе биде домаќин на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, во рамки на неговата дводневна посета на Скопје.

Посетата се случува во светло на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде Рот ја претставува Германија и во тој контекст, акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот кој што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот.

По билатералната средба Димитров–Рот, следи заедничка прес конференција, со почеток во 17:45ч. (утре, среда, 26 мај).

Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на elena.presilska@sep.gov.mk.

Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.

Видео материјалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:

Прес-конференција на Никола Димитров и Михаел Рот

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...