spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во с. Будинарци

Берово: Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во с. Будинарци

Општина Берово, постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во наслените места. Продолжува изградбата на колектор во с. Будинарци, со што ќе се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница и ќе се заштитат водите на р. Брегалница.

 

Изградбата на колекторот е во должина од 1.102,75метри, а одведувањето на отпадните води ќе се спроведе до локацијата на идната пречистителна станица.

 

Со реализацијата на овој проект, се грижиме за подобрување на условите за живот во населените места, обезбедуваме здрава вода за пиење и ја подобруваме комуналната инфраструктура во градот. Исто така ќе се подобри инфраструктурата по должината на река Брегалница, ќе се подобри заштита на водите во сливот на реката Брегалница, како на површинските, така и на подземните води, која е стратешка определба и императив, за сите општини кои припаѓаат на Источниот регион.

 

Средствата во износ од 3.240.821,00 денари, за реализација на овој проект, се обезбедени 2.500.000,00 преку Министерството за животна средина и просторно планирање, од Програмата за регионален развој за 2020 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово.

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...