spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Реализирани проекти во 2020 година

Крушево: Реализирани проекти во 2020 година

Во 2020-та општина Крушево реализираше бројни и многу важни проекти, паралелно со секојдневните активности за спречување на ширење на коронавирусот.

Изминатата година беше навистина успешна кога се работи за јавната хигиена и опремувањето на ЈП „Комуна“ Крушево. Се набавија вкупно 95 контејнери, камион за чистење и метење – метларка и косилка. Овие набавки преку неколку проекти обезбедија повисоко ниво на чистота, заедно со кампањата за соодветно селектирање на отпадот која ја спроведе комуналното претпријатие.

Во годината што измина се комплетира изградбата на вечното почивалиште на Тоше Проески и се уреди „Улицата на Тоше“. На овој начин, Тоше конечно доби достојно вечно почивалиште, а улицата насловена по неговото име е уште едно место во Крушево каде што граѓаните и фановите ќе се потсетуваат на големата музичка ѕвезда.

2020-та беше година кога продолжија и активностите околу спортската сала. Салата партерно се уреди и соодветно осветлување и заштита.

Се постави нова вештачка трева со што полетувалиштето на Мечкин Камен денес е двојно поголемо. По реконструкцијата полетувалиштето добива уште подобри услови и е значително побезбедно и оспособено за поголеми натпревари. На ова место летово ќе се одржи Светско првенство во змајарство од 17-ти до 31-ви јули. Полетувалиштето добива светски размери од аспект на условите кои ги нуди и постојано подобрува.

Во тек е изградба на објект на ова место за потребите на параглајдинг и натпреварите во змајарство.

Општина Крушево со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го изгради патот до Крушевско Езеро и се уреди викенд зоната „Езеро“. На ова место во 2020-та се санираше малиот мост со финансиска поддршка на Халкбанка, а оградата на браната се промени од страна на НЛБ банка. Овие активности придонесоа за поголема безбедност при прошетките и возење велосипед околу езерото и секако поубав изглед.
Во тек е осветлување на патот до Крушевско Езеро.

Се реконструираа и изградија неколку детски игралишта. Најпрво беше реконструирано игралиштето за деца на месноста Гумење, потоа се изгради игралиште за фудбал во маало викано „Струнга“, а игралиште добија и младите од с. Алданци.

Минатата година локалната самоуправа продолжи со работа на канализации и проекти за водоснабдување. Од овие области се реализираа проекти во населените места со што отпочна процесот на надминување на проблемите и овозможување подобри услови за живот.

Заврши првата фаза од изградбата на фекална канализација во с. Норово. До ова населено место се реконструираше патот, односно од регионалниот пат Крушево – Прилеп, преку с. Алданци, па се до Норово.

Во 2020 година се изгради резервоар за вода во с. Белушино, проект кој тамошните жители го бараа со денеции, а со цел надминување на проблемите со водоснабдување.

Изминатата година се работеше на првата фаза од проектот за водоснабдување на с. Јакреново, односно изградба на цевковод и реконструкција на постојни каптажи. Во тек е имплементацијата на втората фаза преку изградба на резервоар за вода.

Во 2020-та заврши и проектот за реконструкција на регионалниот пат до населеното место Пуста Река во должина од 15 километри. Овој пат е рализација на долгогодишни барања не само на жителите од населените места од овој предел на општината, туку и на граѓаните од градот со оглед на фактот дека патот опфаќа дел од патот кој води до споменикот Слива и манастирот Св. Преображение.

 

Општината изработи и проекти за реконструкција и изградба на улици во населените места Саждево и Јакреново.

Во 2020 година преку овие проекти се инвестираа околу 2 и пол милиони евра. Вкупно реализираните проекти во изминатите три и пол години надминува 6 и пол милиони евра.

Извор: Општина Крушево 

Прочитајте