spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМК: Македонска музика издадена од престижниот „Хофмајстер“ (Hofmeister)

МК: Македонска музика издадена од престижниот „Хофмајстер“ (Hofmeister)

Реномираниот музички издавач „Хофмајстер“ (Hofmeister) ја објави едицијата „Три македонски пиеси за соло контрабас“. Нотната едиција вклучува три авторски дела/транскрипции за контрабас: Тешкото за контрабас од македонскиот композитор Дамјан Темков, Евгенија (Варијации на македонската фолк-тема Бор садила мома Евгенија) од Ѓорѓи Цинциевски и Касапско оро во транскрипција на Цинциевски. Ова е првпат во македонската музичка историја македонски дела за соло контрабас да бидат издадени од страна на една од најпрестижните светски издавачки куќи.

Уметничката соработка меѓу Цинциевски и Темков трае долги години, при што повеќе дела на Темков, како: „Охридска пастрмка“, „Introduction and the Tins Dance” и „Соната за контрабас и пијано“, Цинциевски ги има изведено на многубројни меѓународни концерти и фестивали во Кина, Полска, Малта, Италија, Германија и во други земји.

Извор: Министерство за култура 

Прочитајте

Ѓорче Петров: По 7 години, 27 наставници добија решенија за трајно...

0
Во Општина Ѓорче Петров беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум...