spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Сите пакети мерки целосно ќе се реализираат, продолжуваме со дополнителна поддршка...

МЕ: Сите пакети мерки целосно ќе се реализираат, продолжуваме со дополнителна поддршка за компаниите кои ќе инвестираат пост -ковид и ќе отворат нови работни места

Сите шест пакети мерки кои што го донесе Владата ќе бидат целосно реализирани, а во наредниот период ќе продолжиме со мерки за поддршка на компаниите кои што ќе инвестираат во пост-ковид периодот, кои што ќе отвараат нови работни места и ќе дадат повисоки плати.

 

Мерка за директна финансиска поддршка за исплата на плати нема да има, со оглед на тоа што скоро сите дејности работат без ограничувања, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето гостување на Топ Тема на Телма телевизија.

Министерот потенцираше дека на почетокот на оваа година реализацијата на првите четири сета мерки беше 82% од средствата но имаше одредени законски решенија кои што беа блокирани во Собранието.

„Петтиот пакет се реализира согласно предвидената динамика, а веќе се објавени сите јавни повици од Шестиот сет мерки кој што го донесовме како резултат на одлуката на Владата за целосно затварање на угостителскиоте објекти. Очекувам дека сите компании кои аплицирале за мерките од Шестиот сет и ги исполниле условите за две до три недели ќе ја добијат финансиската поддршка“ кажа министерот.

Министерот информираше дека во сите пакети мерки најголема поддршка беше за дадена за туристичко-угостителскиот сектор.

„Согласно програмата за развој на туризмот, Министертвото за економија го објави јавниот повик за пријавување на хотели кои што се заинтересирани да примат туристи со ваучери, за една недела ќе биде објавен и јавниот повик за граѓаните со ниски приходи да се пријават и да добијат ваучер за туризам. Оваа година ќе бидат 12.000 по домаќинство.Туристичкиот сектор минатата година беше задоволен од моделот за ваучери кога беа затворени границите и немавме странски туристи. Беа искористени 65 илајади ваучри, а во четвртиот сет  мерки дополнително ги поддржавме и хотелите и туристичките агенции, со враќање на туристичка такса и со директни грантови“ кажа министерот.

Бектеши информираше дека при крај се измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиците кој има за цел да им излезе во пресрет на компаниите кои инвестирале во време на ковид или дополнително ќе инвестираат во пост -ковид периодот.

„Ќе ги намалиме критериумите за дополнително компаниите да можат да инвестираат и да создадат нови работни места, а предвидена е мерка за сите кои што ќе ги зголемат платите да има дополнителна поддршка. Предвидена е мерка за инвеститори од дијаспората, наши сограѓани кои што ќе добијат дополнителни 15% финансиска поддршка, Исто така предвидена е финансиска поддршка согласно развиеност на регионите, односно повеќе средства ќе бидат наменети за инвестиции во помалку развиените региони и обратно“ кажа министерот во гостувањето на Телма.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...