Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 9 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19и бр.88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2021 година бр.__ година Министерството за образование и наука распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2021 година
- Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2021 година.
- Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).
- Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.
- Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
- пополнета пријава (пријавата може да се подигне и во Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука) со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
- програма за обавување на студискиот престој во странство;
- писмен доказ од установата каде ќе престојува дека го прифаќа кандидатот за студиски престој во странство;
- согласност од установата каде што е вработен кандидатот за студискиот престој во странство, со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
- потврда за висината на патните трошоци и доказ за извршена исплата. Доколку кандидатот користел сопствен превоз, министерството ќе ги покрие патните трошоци во висина на повратен билет за јавен превоз – економска класа;
- потврда од установата каде престојувал дека домашниот научен истражувач го реализирал студискиот престој во странство;
- изјава за користење на лични податоци
- Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.
- Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство се пресметуваат во зависност од висината на средствата за патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
- Домашните научни истражувачи кои учествувале на студиски престој во странство се согласуваат:
– да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
Линк за E-CRIS.МК: https://e-cris.mk.cobiss.net/public/jqm/cris.aspx?lang=mac&opdescr=home&opt=1
- Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 1.6.2021 се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Рејхане Исмаили, канцеларија број 1408 или на телефон 02-3140-183