МОН: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура

МинистерстваМОН: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега предвидува изработка на проектна задача.

По овој повод, министерката за образование и наука Мила Царовска денес беше во посета на Државниот испитен центар кој е одговорен за организација на целиот процес, а каде со раководството разговараше околу текот на подготвителните активности.

„Драго ми е што оваа учебна година продолжуваме со организирање на процесот на полагање државната матура, со што им овозможуваме право на средношколците кои имаат интерес да продолжат едукативно да се надградуваат, покрај на домашните, да можат да се запишат и на некој врвен универзитет во странство доколку тоа им е волја. На сите ни е јасно дека секаде во светот, за упис во високо се бара поседување на ваков документ кој значи формализација на средното образование. Лани беше направен исклучок и за жал, дел од нашите ученици имаа проблем со прифаќањето на апликациите на странски факултети, но оваа година нема да биде така“, рече Царовска.

Таа додаде дека од страна на раководството на Државниот испитен центар е информирана дека сите подготвителни активности предвидени со планот за организирање на државната матура се спроведени и врз основа на тоа очекува процесот успешно да се реализира.

„Усвоени се сите неопходни протоколи врз основа на кои матурата треба да се спроведе во услови на пандемија, а со цел да се заштити здравјето на учениците, наставниците и сите други учесници во процесот. Предвидено е во училница да бидат присутни најмногу до 15 ученици, а некаде и помалку во зависност од просторните услови. Во меѓувреме над 2000 тестатори се вакцинирани со двете дози кои значат стекнат имунитет“, информираше Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска рече дека вкупно 15.294 ученици се пријавиле за полагање државна матура, од кои 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Информираше дека испитните програми за предметите што се опфатени со матурата оваа година се скратени, а воедно и дека согласно договореното со средношколците, базените со можни прашања им се достапни на три недели пред полагањето на секој испит.

По полагањето на првиот задолжителен екстерен испит по мајчин јазик на 5 јуни, ќе следи и полагање на вториот екстерен испит кој е изборен. Учениците кои можеа да одберат помеѓу математика или странски јазик, ќе полагаат на 11 јуни. Интерните ќе бидат организирани до крајот на јуни по распоред кој го креираат самите училишта. Проектната задача се реализираше од 15 март до 30 април. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.

За матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе бидат заболени од КОВИД-19, или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. Тие што нема да положат матура во јуни, дел или во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот и 13 август за вториот екстерен испит.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар започнаа со подготвителни активности за изработка на целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од следната учебна година и ќе овозможи различни видови на матура за гимназиското, стручното и уметничкото образование. За оваа цел е формирана посебна работна група составена од претставници на надлежните институции и претставници на средношколците, а воедно ангажиран е и експерт од Светска банка кој работеше и на актуелната концепција за полагање државна матура.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img