Обезбедуваме подобри услови за престој на децата, за безгрижно и безбедно детство

ВладаОбезбедуваме подобри услови за престој на децата, за безгрижно и безбедно детство
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Новиот објект е со површина од 1.700 м2 и е од исклучително значење во Општината Аеродром каде живеат многу млади семејства и кои имаат потреба од обезбедување згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Доградениот дел од објектот е комплетен објект со сите неопходни содржини, кои ќе обезбедат услови за згрижување на децата.

Во своето обраќање премиерот Заев истакна дека објектот е проектиран според највисоки стандарди за установи за претшколско згрижување и воспитување кој ќе згрижува вкупно 200 дечиња од најмала до 6-годишна возраст. Тука ќе биде обезбеден престој, нега, исхрана, воспитно-образовни и други забавни активности конкретно на 170 деца на возраст од 2 до 6 години и 30 деца-бебиња на возраст од нула (0) до 2-годишна возраст.

„Упатувам честитки до градоначалникот на Општината Аеродром, градоначалникот Марин, до Советот на Општината, за овој капитален проект и особено за грижата која ја покажуваат безрезервно подржувајќи ги сите проекти кои се однесуваат на реконструкција на градинките“, додаде Заев.

Во Општината се остварени проекти кои се однесуваат на работи за внатрешно, хортикултурно уредување, или пак обезбедување поголема енергетска ефикасност со обновување на фасадите на современи функционални објекти сè со цел, обезбедување подобри услови за престој на децата, за безгрижно и безбедно детство, додека нивните родители не се со нив.

Министерката Шахпаска додаде дека покрај изградбата на нови детски градинки и проширувањето на постојните објекти како Министерство се вложува и во зајакнувањето на компетенциите на стручниот кадар.

„Дека грижата за секое дете е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика потврдува и бројката од 12 отворени детски градинки и околу 700 деца згрижени во нив, за само 9 месеци. Продолжуваме да вложуваме во изградба на нови и проширување на постојните капацитети согласно предвидениот план односно до крајот на годината да бидат отворени дополнителни 13 градинки со капацитет над 1400 деца во нив“, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин рече дека овој објект е од исклучително значење кој го подобрува урбаното живеење и грижа за заедницата на сите граѓани во општината.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img