spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУсвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од 75-та седница

Усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од 75-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 76-тата седница на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

Со новите заклучоци донесени на оваа седница Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...