spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСоработката со САД за спречување на насилниот екстремизам и за борба против...

Соработката со САД за спречување на насилниот екстремизам и за борба против тероризмот

Националниот коoрдинатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски и заменикот национален координатор Џеладин Ајвази, во Владата на Република Северна Македонија остварија работна средба со претставниците на Одбрамбениот институт за меѓународни правни студии (DIILS) од Соединетите Американски Држави, Сандра Oхерн и Џое Орестеин и  претставници од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваше и се обрати и генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија , Мухамед Зеќири и  изрази задоволство и благодарност за придонесот на DIILS во зајакнувањето на институционалните капацитети во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.

“Борбата против говорот на омраза, лажните вести, радикализацијата, насилниот екстремизам и тероризмот, се врвни безбедносни приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Ниту една земја не може самостојно да одговори и да се бори против овие глобални закани, за чие спречување е потребно знаење, искуство, размена на информации и заеднички партнерски пристап”, истакна Зеќири.

Тој исто така, нагласи дека формирањето на Националниот комитет за СНЕ/БПТ и неговото позиционирање во рамките на Владата на РСМ беше резултат на одлучноста на нашата земја да ги зголеми институционалните капацитети во борбата против овие современи безбедносни феномени. Оттука, соработката која Амбасадата на САД, DIILS институтот и нивните партнери ја остваруваат со Владата на Република Северна Македонија е од исклучително значење за нас, рече Зеќири.

Националниот координатор, Борче Петревски заблагодарувајќи се на присутните за огромната поддршка што ја даваат на нашата земја го истакна бенефитот од досегашната соработна изразен преку иницијативата за формирање на Националниот акциски тим за борба против тероризам, кој е директен резултат на искуството со ЈТТФ во САД, како и видливо зголемената комуникација меѓу институциите која успешно се одразува на процесот на реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на повратниците од странските војски и членови на нивните семејства.

Истовремено Петревски ги запозна претставниците на DIILS институтот со тековните активности и идните проекти на Националниот комитет.

Претставниците DIILS Институтот го изразија своето задоволство од посетата на Република Северна Македонија, и од сите институции кои имаа можност да ги посетат изминатите денови. Тие истакнаа дека нашата земја им служи како пример за да им покажат на другите земји како се градат капацитети и како се воспоставува добра меѓуинституционална соработка.

На средбата беа идентификувани нови можности и иницијативи за продолжување и продлабочување на соработката во насока на навремен и ефикасен одговор на безбедносните предизвици.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...