spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиАко АД Баргала Штип не ги исплати 3 те плати, ССМ ќе...

Ако АД Баргала Штип не ги исплати 3 те плати, ССМ ќе побара стечај

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Претседателот на СТКЧ Љупчо Радовски застанаа рамо до рамо со текстилните работници од БАРГАЛА АД Штип за нивните проблеми и нивните работнички права.

 

Поради тоа што газдата не ја почитува спогодбата која беше потпишана со ССМ и СТКЧ, поради тоа што сеуште ја нема платено платата за септември 2020 година како и платата за април 2021 година, ССМ поднесе поединечни пријави за сите работници за газдата да биде санкциониран за секој работник поединечно, а ССМ доколку тоа го побараат работниците ќе поднесе и тужби за наплата на платите по судски пат.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на работниците им укажа дека доколку продолжи ваквиот однос од страна на таквиот газда кој ги остава работниците на работ на егзистенцијата, поради тоа што не сака да ги исплати платите и не го вреднува трудот на работниците, на 15 јуни повторно ќе се одржи средба, а работниците доколку одлучат, ССМ ќе покрене стечајна постапка и на таков начин од капиталот на газдата ќе ги наплати побарувањата на работниците.

Ако работодавачот не сака да сподели од капиталот со работниците, тогаш работниците ќе го споделат капиталот на газдата преку стечај.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...