spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииИсто како во режимот, ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци врз судството

Исто како во режимот, ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци врз судството

 

Исто како во режимот, ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци врз судството за да ја опструира правдата

ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години го контролираше судството не може да се помири со тоа што денес правосудните органи работат независно и професионално ослободени од политички и лични притисоци.

Затоа оваа партија деновиве врши притисоци врз судството, јавно дава директиви како да работат и одлучуваат правосудните институции во предмети во кои самите се инволвирани како партија.

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека заврши времето кога политички партии вршеа притисоци, создаваа свои инсталации во судовите и обвинителствата, и нарачуваа предмети и пресуди. Тоа време заврши со падот на режимот.

Реформите што Владата, институциите ги спроведоа резултираа со силна, ефикасна и независна правна држава, каде никој, а најмалку политичка партија може да врши притисоци и злоупотреби.

Но, очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од режимската матрица во која е заглавена со години, не може да се помири со независно владеење на правото, па затоа очајно се обидува преку нарачки и притисоци да се меша во работата на правосудството.

Со ова се потврдува дека Мицкоски останува единствен на браникот на криминалот на својата партија и затоа го чека уште еден пораз од граѓаните.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...