Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Арјанит Хоџа оствари срердба со Високата делегација од Сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик гувернерот на Вермонт, Моли Греј, заедно со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал – мајор Грег Кнајт, кои го посетија Министерството, како дел од Програмата за државно партнерство.
Во насока на унаредување на 28-годишното партнерство меѓу Северна Македонија и Сојузната држава на САД, Вермонт, делегацијата ги презентираше впечатоците од реализираните средби со претставници од бизнис заедницата, од земјоделскиот сектор, со цел создавање можности за проширување на партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт.
Се разговараше и за нови можности за соработка во повеќе области, меѓу кои агротуризмот за кој во последно време, постои голем интерес. Со пренесување искуства и соодветна финансиска подрршка, младите лица кои сакаат да живеат во руралните средини ќе имаат можност за остварување на приходи од оваа дејност, а тоа ќе има свое влијание на економијата и намалување на трендот на миграција на населението во урбаните средини. Извозот на домашно македонско вино во САД е една од идните приоритетни области на соработка, за што беше искажан интерес од страна на заменик гувернерот Моли Греј. Истовремено беше потенцирана можноста за соработка во млечната индустрија и пренесување на искуства за примена на нови технологии и знаење. Како следни чекори во соработката ќе бидат опфатени советодавните служби, научните и образовните иснтитуции и делот на истражувањето. Министерот Хоџа информираше за новите реформи и законски решенија во секторот земјоделство и рурален развој, како и за финансиската поддршка која се обезбедува преку националните програми и преку инструментот на ЕУ, ИПАРД со цел земјоделското произвдоство да стане конкурентно на домашниот и странските пазари.
Заменик гуверенерот истакна дека во услови на светска пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, се наметнува потребата од заедничка стратегија за одржливо обезбедување храна.
Во остварување на планираната меѓудржавна соработка, предвидена е и посета на министерот Хоџа во САД.
Посетата на Високата делегација и плановите за зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, се во насока на подобрување на економијата со фокус на земјоделскиот сектор.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство