„Државата треба да стави прст на чело и да се запраша до каде ќе одат работите. Градежниот сектор е главен двигател на економијата и затоа е неопходна поголема грижа за вработените во овој сектор’’ – Иван Пешевски, заменик претседател на СГИП
Во странство се помасовно заминуваат фасадери, армирачи, ѕидари, асфалтери, општи работници, водоинсталатери, електричари. Нивната одлука, вели тој, не треба никого да зачудува ако се земе предвид фактот дека работат во екстремни временски услови ( жешко, студено, ветровито) и тоа за плата која е далеку под просечната во земјата.Според Пешевски, ваквата ситуација не е нова и трае со години.
Според него, платите на овие работници во Македонија тапкаат во место, додека во Европа тие се барем три пати поголеми. За работа во странство се подготвуваат и градежните инженери и архитектите кои и покрај завршениот факултет, но и работењето во секакви временски услови имаат месечни примања во износ од околу 30.000 денари.
„Затоа и не треба да не чуди што младите не се многу заинтересирани да се запишат во средно градежно училиште или пак да завршат градежен или архитектонски факултет’’ вели Пешевски.
Како неприфатлив го посочува фактот дека работниците во градежниот сектор во просек заработуваат по 20.000 денари месечно, и тоа со вкалкулиран минат труд, додатоци на плата и прекувремени часови.
Оттука, вели „ сосема разбирлива е желбата да се замине за странство и да се заработи повеќе за себе и за семејството’’.
Повеќе можете да прочитате на линкот