spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНајдоброто за секоја општина„ продолжува, граѓаните ја препознаваат чесната понуда на СДСМ

Најдоброто за секоја општина„ продолжува, граѓаните ја препознаваат чесната понуда на СДСМ

По вчерашната граѓанска трибина во Скопје, СДСМ продолжува со засилените активности на терен, преку средби со граѓани на маалски и урбани средби како дел од караванот „Најдоброто за нашата општина“.

Денеска членовите на Извршниот одбор Благој Бочварски, Васко Ковачевски и Јована Тренчевска беа со граѓаните на Делчево, Крушево, односно Велес.

Пратеничките на СДСМ во Собранието Бисера Костадинова Белчева и Белкиса Зеќири ги посетија Маврово Ростуша, односно Пласница, додека членот на Централниот одбор, Коста Петров беше во посета на Аеродром.

СДСМ е во континуитет меѓу граѓаните, ги презентира досега спроведените мерки и проекти, но и ги слуша нивните потреби и барања.

Заедно со граѓаните ги бараме решенијата кои ги преточуваме во најдобра кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секој град и секоја општина.

Тоа граѓаните го препознаваат и вреднуваат. Затоа СДСМ е фаворит на претстојните избори, затоа што го нуди најдоброто за секој граѓанин, затоа што излегува со чесна понуда.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...