spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПотребите на граѓаните се преточени во нашата политичка програма

Потребите на граѓаните се преточени во нашата политичка програма

Потпретсдедателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска беше во Кичево, каде во рамките на караванот “Најдоброто за нашата општина” тој оствари непосредни средби со граѓаните и се обрати пред присутните на маалската средба.

“СДСМ во континуитет е со граѓаните и затоа преку овие засилени теренски активности во наредниот период пред вас граѓаните истапуваме отворено и чесно да говориме за се она што досега го направивме и реализиравме на централно и на локално ниво но и да чуеме од вас што е најдоброто за вас и вшата општина. Владата на СДСМ им помогна на општините да ги вратат наследените долгови. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Општините добија на располагање 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Во тек е имплементација на проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините.

Завршен е патот Колари – Кичево, привршува изградбата на автопатот Кичево –Охрид како и патната делница Кичево-Македонски Брод. Се реконструираат и регионалниот пат Букојчани-Кичево, како и давата крака на улица Струшка. Во тек е изградбата на гасоводната линија Кичево – Охрид. По долги години се градат градинки се реконструирааат училишта. Кичево доби нова градинка со капацитет од 120 дечиња. Реконструирани се и опремени и неколку училишта. Како никогаш досега вложуваме во здравствениот систем, модуларната болница во Кичево и доградбата и надградбата на ЈЗУ Здравствен дом Кичево ќе го унапредат квалитетот на здравствените услуги за кичевчани”, истакна Битиќи.

Нашата цел, нашата политика е во насока на унапредување на кавалитетот на живот на сите граѓани, на секоја општина. Вложувањата во човечкиот капитал се приоритет во програмите на СДСМ, тоа и го покажавме во изминатиот период, затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, затоа СДСМ е победникот на предстојните локални избори.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...