Отвореноста и транспарентноста на СДММ кон младите има за цел ние како младина да настапиме со своја програма во рамките на генералната за претстојните локални избори. Ова е одлична шанса да го направиме чекорот кон подобро утре за младиот човек во нашата земја. Сега е времето кога, заеднички, со здружен труд, ќе им направиме пат на нашите идеи и ќе ги прицрвстиме веќе поставените темели на здрава и просперитетна иднина за младите.
Законот за млади и воведувањето на пракса за младински соработник во секоја општина и државна институција е одлично поместување од таа „мртва точка„ кое ја докажува нашата решителност во тоа дека можеме и мораме подобро. Во тој процес на враќање на довербата во институциите, младите сега имаме по еден човек во секоја институција, чија обврска е да биде на располагање на секој еден од нас, за сите проблеми и решенија со кои се среќаваме, истакна претседателот Марко Михаилоски.
СДСМ безрезервно стои зад својата младина и работи на подобрување на условите и можностите кои државата ги нуди за младите луѓе.
Партијата одговорно стои зад она што го прави за младите и порачува дека заложбите за нив ќе продолжат и во иднина.