spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваИнформациите можат да спасат животи. Ова е еден од најважните факти за...

Информациите можат да спасат животи. Ова е еден од најважните факти за кој не научи ситуацијата создадена од пандемијата

Медиумите и информациите во времето во кое живееме, се предмет на радикални промени во форма и содржина, беше една од главните изјави за кои се согласивме за време на министерската конференција на тема „Вештачка интелегенција – предизвици и можности за медиумите и демократијата“, заедно со министри, други претставници на земјите-членки на Советот на Европа и пошироко, како и истакнати експерти од областа на слободата на изразување и претставници на клучните меѓународни институции од оваа област.

Конференцијата што се одржува на (10-11 јуни) е форум за министрите да разговараат и да се согласат за активностите што треба да се преземат за справување со влијанијата на дигиталните технологии врз слободата на изразување; промена на медиумското опкружување и неговото влијание врз демократските процеси; како и да се обезбеди одржливост и заштита на слободата на изразување во време на криза.

Утре, во рамките на оваа конференција, земјите-членки се очекува да усвојат финална декларација и четири резолуции што се однесуваат на овие теми, кои претставуваат значителни предизвици за демократските општества денес.

Министерството за информатичко општество и администрација, во наредниот период ќе ја разгледа потребата од релевантни законски измени со цел нашата земја да биде во чекор со најновите случувања и предизвици од онлајн димензијата на слободата на медиумите.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...