spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Билатералната трговија со Романија е со континуиран раст

МЕ: Билатералната трговија со Романија е со континуиран раст

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт, оствари работна средба со својот хомолог, министерот за економија, претприемништво и туризам на Романија Клаудиу Насуј.

Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи “Недела на македонски произзводи“ во Букурешт.

Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес.

Романија е 10-ти  најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.
Министерот Бектеши изрази очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период и дополнително ќе се продлабочи  и изрази надеж дека Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската унија, особено што Северна Македонија е на пат за влез во Унијата

.
Министерот Бектеши го информираше својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочи дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено, како што посочи министерот Бектеши се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.

Бектеши кажа дека постои голем потенцијал за унапредување на соработката меѓу двете земји пред се во делот на на енергетиката, транспортот, туризмот, земјоделството и инфраструкурата, а двајцата министери се согласија да продолжат со поинтензивна комуникација и заеднички да работат на креирање на модалитети со кои ќе се унапреди економската соработка помеѓу земјите.

Извор: Влада

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...