spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Нова - Во нашата програма учебникот не е единствениот ресурс...

МОН: Нова – Во нашата програма учебникот не е единствениот ресурс за стекнување знаење

Во нашето училиште веќе долго време се инсистира учебникот да не биде единствен ресурс преку кој се стекнуваат знаења, затоа што учебникот понекогаш може да ограничува, вели Ивана Брајановска од приватното училиште „НОВА каде повеќе од 8 години успешно се спроведува настава по современи наставни програми, вклучувајќи меѓу другото и дигитални учебници. Оваа настава е слична на програмата која ќе стартува со новата концепција од идната учебна година.

“Иако во нашето училиште има дигитални, а и печатени ресурси целата дилема кај нас не е дали тие треба да се дигитални или дали треба да се печатени, туку како и каде истите се употребуваат. Всушност клучот за успехот и напредокот на учениците зависи од креативноста на наставниците. Како и на кој начин и кога ќе употребат печатен или дигитален материјал”, вели Брајановска.

Според Брајановска одредени области како природните науки темпото на нови сознанија е толку брзо што едно дете, еден ученик има многу поголема корист да научи да лоцира информации и да го следи тоа темпо да ги следи новите сознанија отколку да биде ограничено да меморизира факти од еден учебник.

“Децата кај нас од искуство многу лесно ги прифаќаат дигиталните алатки затоа што тие веќе се изложени. Дури можам да кажам дека децата далеку полесно учат да користат алатки од возрасните.”, вели Брајановска.

Но, сепак Брајановска објаснува дека поголемиот дел од наставата децата посебно кај помалите возрасти кога се работи на описменување, работат во тетратки, со физички материјали.

“Огромен акцент е ставен на користење на манипулативи, додека децата учат за нешто конкретно да можат тоа да го допрат, да видат како тоа изгледа во реалноста, значи едноставно во активностите многу акцент посветуваме на тоа да има такви едукативни средства”, рече Брајановска.

Според неа, никогаш целта не е да ги изложиме децата постојано на дигитален уред. Има многу области коишто самите налагаат децата да пишуваат физички, да употребуваат физички алатки во активностите и во активностите што ги прават па така и се внимава на тоа да не се до тој степен изложени за тоа да повлијае било како на здравјето на децата.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...