spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство

МП: Со помош на партнерските земји целосно ќе го дигитализираме македонското судство

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на конференцијата  „Ефикасност на работата на судии и судска администрација“, кажа дека планот за дигитализација на судството е готов, Владата го усвои и дека следната фаза е практично дигитализација, односно пристигнувањето и инсталирање на информатичката технологија.

Според планот, целосно ќе се дигитализираат речиси 200 судници и 34 судови.

-Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор, но ќе се сложиме дека отпор кон модернизација не треба да има. Таа ќе се случи, порано или подоцна во сите сегменти на живеењето. Судството секако нема да биде „поштедено“. Сите досегашни анализи укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60% ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста. Дополнително, на овој начин се намалуваат трошоците, потенцира Маричиќ.
Маричиќ посебно се заблагодари за финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката Влада, кои директно асистираат во големиот проект за дигитализација на македонските судови.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...