spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Асоцијација за демократска иницијатива

ДКСК: Средба со Асоцијација за демократска иницијатива

На ден 11.06.2021 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од заменик претседателот м-р Шемши Салаи и Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар претставувано од г-дин Лулзим Хазири, извршен директор, и во името на 5 (пет) организации соработници, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, и тоа:

 

-Фондација за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) Штип,

-Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар,

-Центар за ромска заедница ”ДРОМ” Куманово,

-Совет за превентива против малолетничката деликвенција (СППМД) Кавадарци,

-Младински културен центар (МКЦ) Битола.

 

На средбата се утврдија облиците и начинот на соработката помеѓу АДИ и петте горенаведени организации соработници од една страна и Државната комисија за спречување на корупцијата од друга страна, за спроведување на мерките и активностите за спречување на корупцијата на локално ниво.

Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) спроведува специфични активности во соработката со локалните здруженија на граѓани со цел подигање на свеста на граѓаните за пријавување на корупцијата и промоција на мандатот и улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата, а во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, и истиот проект предвидува соработка со државните институции надлежни на полето за спречување на корупција и судир на интереси.

На средбата беше потпишан Мемомардум за соработка чија цел е развивање на тесна соработка за идентификување, поддршка, информирање и едукација на граѓаните на локално ниво за начинот, постапката како и можностите да пријават коруптивни дејствија и активности.

Соработката во рамките на проектот помеѓу договорните страни ќе се однесува на информирање и поддршка на граѓаните на локално ниво за можностите и постапката на пријавување на корупцијата пред Државната комисија за спречување на корупцијата, едукација и информирање на граѓаните на локално ниво како да препознаат и пријават коруптивни дејствија, олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и Државната комисија за спречување на корупцијата како и размена на искуства и добри практики од областа на превенцијата и спречувањето на корупцијата.

 

На крајот на средбата, беше искажано обострано задоволство од воспоставената соработка како и целосна подготвеност со цел одржување на натамошна комуникацијата во насока на идна соработка, од интерес за двете страни.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...