МНР: Важен ден за Алијансата, со важни и амбициозни одлуки

МинистерстваМНР: Важен ден за Алијансата, со важни и амбициозни одлуки

Најчитано

На самиот почеток на лидерскиот НАТО Самит на земјите – членки на Алијансата, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјава за медиуми ги презентираше очекувањата од Самитот, на кој треба да  бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата кон трансатлантската врска. Османи зборуваше и за очекувањата за главна тема, иницијативата „НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада.

„ Денес е навистина важен, ден не само за нас туку и за целата алијанса. После напорни консултации и неколку подготвителни министерски состаноци на кои лично присуствував, денес во седиштето на Алијансата во Брисел, се одржува самитот на НАТО на кој ќе се заокружат главните насоки за иницијативата НАТО 2030 година. На масата денес е амбициозна трансатлантска агенда која треба да обезбеди поголема улога на алијансата во креирањето на долгорочната безбедност, но и поголема синергија, поголема интеграција на самите земји – членки кога се работи за заедничката безбедност“, истакна Османи.

Во својата изјава, министерот Османи го истакна значењето што Алијансата го придава на борбата против хибридните закани и преземените натамошни активности за справување со овие современи предизвици, а изрази и поддршка за трансатлантското партнерство како камен-темелник на нашата колективна безбедност .

 

„Трансатлантското партнерство останува камен-темелник на нашата колективна безбедност. Денес ќе ги утврдиме насоките за улогата на алијансата во актуелните закани и безбедносни предизвици; но покрај горливите проблеми, ќе бидат дефинирани и насоките за справување со новите современи предизвици како што се хибридните предизвиците. Воедно ќе се постават основи за продлабочена соработка на сојузниците во зајакнувањето на отпорноста, одржување на предноста во технолошкиот развој и поблиска соработка со партнерите“, нагласи Османи.

Во изјавата, Османи се осврнува и на нашата определба како земја кандидат за членство во ЕУ, како и потребата за зголемена стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ.

„Заокружувањето на Европската Унија со интеграција на Западниот Балкан претставува геостратешка инвестиција за целиот континент. Нашиот придонес во ова партнерство е јасен – и на овој самит ние ќе ја потврдиме нашата определба – ние сме НАТО!“, заклучи Османи.

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе