Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во нашата држава Мирослав Томан, придружуван од неговиот заменик Лубош Псенка. Фокусот на разговорот беше на развивање на соработката, обезбедување на поддршка и споделување на искуства во развој на алтернативни содржини на еко туризамот, со акцент на активностите на планирање и означување на велосипедски и планинарски патеки во природните подрачја. Посебен интерес за дискусија предизвикаа можностите што се отвараат со прогласувањето на новиот национален парк Шар Планина.
На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката на веќе утврдените најранливи точки кон климатските промени на регионално ниво како продолжние на проектот на ОБСЕ согласно изработената Регионалната проценка за Југоисточна Европа.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање