spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Се продлабочува соработката со УНОПС

МЖСПП: Се продлабочува соработката со УНОПС

По одобрувањето на Планот за ремедијација на локацијата во ОХИС АД , министерот Нуредини и претставниците на Проектната канцеларија при МЖСПП, остварија средба со Михела Телатин директорка и Венелин Ранглов советник за подршка во управување со проекти на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS).

На средбата се разговараше за динамиката на реализација на предвидените активности за расчистување на малата депонија со линдан, како и за заокружување на целиот процес на расчистување локацијата од оваа опасна хемиска материја, преку со вклучување на Мулти-партнерскиот фонд со кој управува UNOPS.

 

Покрај ова, министерот Нуредини и претставниците на УНОПС разговараа и за други можности за развивање на поширока соработка во областа на заштита на животната средина помеѓу МЖСПП и УНОПС.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МП: Промовирана веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви...

0
Со цел  полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница,...