spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на работна средба на Платформата за еколошка правда

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на работна средба на Платформата за еколошка правда

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска во просториите на МАНУ, учествуваше на работната средба на Платформата за еколошка правда, на која беше презентиран Патоказот за спроведување на политиките за животната средина.

 

– Спроведувањето на политиките за заштита на животната средина бара интердисциплинарен пристап и поддршка од сите институции кои имаат надлежности во различните сфери на делување кои имаат негативни импликации врз средината во која живееме и работиме. Развојот кој сите го посакуваме мора да се базира на принципите на одржлив развој, во кој заштитата на животната средина ќе има подеднакво значење како и социјалниот и економскиот аспект – истакна заменик министерката Оџаклиеска.

 

Според неа, вклучувањето на стручната јавност во носењето на законските решенија е додадена вредност при креирање на издржани и општо прифатени законски решенија со чија имплементација ќе се создадат подобри и поквалитетни услови за живот.

 

На настанот, што го водеше проф.д-р Владо Камбовски, се дискутираше и за Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за урбанистичко планирање.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...