Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 7 740 488 илјади денари.
Во текот на 2020 година се градени вкупно 1 617 објекти и завршени се вкупно 1 742 станови со вкупна површина од 220 282 м2, од коишто 82 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 7 240 м2.
Просечната корисна површина на завршените станови е 126.4 м2.
По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа Скопскиот, Југозападниот итн.
Извор: Државен завод за статистика