spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Прекуграничната соработка и развојот на регионот

МЛС: Прекуграничната соработка и развојот на регионот

Во соработка со претставништвото на Европска Унија во Косово како и со соседните држави во програмите за прекугранична соработка, се отвори Куќата за прекугранична соработка, во Приштина, простории кои се финансирани од Европската Комисија, и ќе се употребуваат за три прекугранични програми и тоа Косово – Северна Македонија, Црна Гора – Косово и Косово – Албанија. 

– Оваа куќа ќе биде едно место за сите прекугранични операции во Косово имено и Северна Македонија како земја партнер се здобива со капацитети за поддршка на потенцијалните апликанти во здобивање прекугранични партнерства. Регионалната соработка и развој се најважните одговорности на Министерството за локална самоуправа и прекуграничните и ИНТЕРРЕГ програмите се важен дел од нашата стратегија за регионален развој, истакна во Косово Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.  

Тој посочи дека земјава во програмскиот период на ИПА2 2014-2020 зеде учество во пет прекугранични соработки и  ИНТЕРРЕГ програми, како и две транзициони програми. Имено тоа се ИНТЕРРЕГ програмите со Грција и Бугарија, прекуграничните соработки со Косово, Албанија и  Србија, и транзиционите програми БАЛКАНМЕД и АДРИОН.

– Министерството за локална самоуправа во улога на Оперативна структура на Програмата е отворено за соработка и поддршка на сите структури во прекуграничната соработка со цел успешна имплементација на истата. Преку заеднички напори ние можеме да создадеме подобра иднина за нашите граѓани, како и значаен придонес на патот за нашите Евроинтеграции. Би сакал да напоменам и дека Министерството како Оперативна структура ги поддржуваме корисниците на прекуграничните програми преку ко-финансирање на нивните проекти. Со ова ја покажуваме посветеноста и заедничките напори да го подобриме животниот стандард на нашите граѓани во прекуграничниот регион, да ги охрабриме институциите, особено локалната самоуправа да соработува со нивните соседи од Косово со цел да се подобри услугата која се нуди на жителите, рече Милевски.

Тој посочи дека евроинтеграциите се многу важен, стратешки ориентиран потег за нашата држава. Би сакале да им се заблагодариме на Европската Унија за поддршката на нашите држави. Преку заедничка работа го забрзуваме и зајакнуваме процесот на интеграции. 

Програмите за прекугранична соработка се реализираат преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) чија цел е да поддржува прекугранични односи со цел добрососедство, интеграции во Европска Унија, и социо-економски развој во државите. 

На настанот говореа Елберт Красниќи Министер за локална управна администрација од Косово, Томаш Сзунјог Амбасадор на ЕУ во Косово, Горан Милевски Министер за локална самоуправа, Зорка Кодриќ одговорен преговорувач од НИПАК Црна Гора, Олта Чачка Министерка за надворешни врски.

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...