spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМОН: Дигиталните учебници се само дополнителна алатка за учење, наставникот ќе ја...

МОН: Дигиталните учебници се само дополнителна алатка за учење, наставникот ќе ја има главната улога во наставата

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на Телевизија Тера одговарајќи на прашање на каков начин ќе се одвива наставата со воведувањето на дигиталните учебници во четврто одделение рече дека наставниците и понатаму ќе ја имаат клучната улога во предавањето на материјалот, а дигиталните учебници и други материјали ќе бидат дополнителна алатка за учење.

 

 

 

„Да не заборавиме главниот ресурс за информирање и стекнување на знаење е наставникот. Фокусот во училница е наставникот. Не е таблетот. Не е учебникот. Ако наставникот ги води низ знаењата, учениците многу побрзо поедноставно ќе ги разберат информациите кои треба да ги имаат кај себе. Исто така и тој треба да ги насочува каде понатаму да истражуваат, па да се вратат во училница и таму да ги дискутираат информациите што ги добиле од дигитален учебник, од библиотеката во училиштето од домашна литература, да разговараат со родителите и понатаму да имаме едно знаење што е усвоено и не е потребно само да се репродуцираме туку треба да го употребуваме тоа знаење. Кон сето тоа се стремиме“, рече Царовска.

 

 

 

Министерката објасни дека печатени учебници ќе има од прво до трето одделение. Дополнително сите лектири и целата друга литература останува печатена бидејќи ученикот треба да гради однос кон книгата и тоа е значајно за да се научи читање со разбирање. Додека во погорните одделенија ќе има можност да се испечатат учебниците, но ќе има и дигитални учебници кои етапно ќе се воведуваат, почнувајќи од четврто одделение па нагоре.

 

 

 

„Дигитални учебници се само едно средство за дополнително информирање или пренесување на знаење на ученикот. Во досегашните учебници имате напишано експеримент по хемија и треба да го прочитате и разберете, но со дигиталниот учебник ќе понудиме мултимедијална содржина преку која учениците ќе може да видат како се прави експериментот, што е сосема поинакво нивото на примање и памтење на информацијата“, рече Царовска.

 

 

 

Истовремено со процесот за дигитални учебници МОН прави набавка и на кабинети, витрини, и китови по природни науки , затоа што е многу значајно учениците да бидат вклучени во одреден процес на експеримент или некое истражување со кое ќе ги заинтересираме за дадена научна област.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...