Во месноста Билјаник, во населбата Горно Оризари во Битола беа осветени темелите на црквата Св. Талалеј.
На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски, директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски и бројно месно население.
Чинот на осветувањето го водеше неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар.
Извор: Општина Битола