Попретседателот Оливер Спасовски денеска се обрати на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар каде пред присутните зборуваше за она што досега СДСМ го има сработено за граѓаните, но и за понудата за претстојните локални избори.
Спасовски истакна дека во изминатите години во Гостивар инвестирани се над седум милиони евра само во инфраструктурата, за да се развие и општината, но и и населените места во тој регион.
„За нас врвен приоритет е вложувањето во општините, врвен приоритет ни е локалниот и регионалниот рамномерен развој. Тоа го покажуваме со конкретни проекти. Го реконструиравме патот Гостивар – Колари, наскоро започнува изградба на патот Гостивар – Букојчани – Кичево, кога се работи за најмладите овде во Гостивар како централна власт вложивме во две градинки, а наскоро започнува изградба на уште една градинка со капацитет од околу 90 деца, за чија што изградба се чека само одобрение за градба“ порача Спасовски.
Спасовски пред присутните истакна дека СДСМ и на претстојните локални избори ќе ја има најдобрата понуда за секоја општина, за секој град, затоа што СДСМ е постојано со граѓаните и затоа е фаворит на изборите на есен.
„Концептот на СДСМ за вложување во сите сегмени што значат подобар живот на граѓаните е препознат од се повеќе граѓани кои се приклучуваат на СДСМ, на оваа наша визија што ја имаме, како треба заедно да ја градиме Република Северна Македонија“ заклучи Спасовски.
Извор: СДСМ