spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта ги крие деталите од договорот бидејќи се спрема ново национално предавство

Власта ги крие деталите од договорот бидејќи се спрема ново национално предавство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес ја посети општина Гази Баба каде што даде изјава во однос на неколку теми и одговори на неколку новинарски прашања, меѓу кои и прашањето во однос на предлогот на Зоран Заев до Бугарија.

Николоски потенцираше со Зоран Заев, Македонија може да очекува само национални предавства и тука Заев нема никаков лимит. Процесот кој што се води е крајно нетранспарентен и јавноста нема никакви информации од страна на македонската влада.

– Да го предупредам Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја., затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет,  рече Николоски.

Според него и тие пред кои Заев коленичи во Бугарија не го почитуваат затоа што гледаат дека сака себеси национално да се избрише, па дури и му порачуваат дека направиле за Заев досега, со тоа што му помогнале да дојде на власт .

– Во Република Бугарија Владата ги информира сите политички партии во однос на преговорите и сите политички субјекти се добро информирани, додека во Македонија Владата ги крие најважните и најголемите прашања кои ги интересираат граѓаните на Република Македонија, затоа што не се поволни за Македонија, истакна Николоски.

Во однос на демантите на Владата, Николоски посочи дека најдобар демант е да го извадат во јавноста тој предлог од некаде, кој според наши информации, петнаесетина страни, за јавноста да види што навистина предлагаат.

– Но имајќи предвид дека не го објавуваат во јавноста овој предлог дека одат на газење на македонските национални интереси, рече Николоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...