spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЗаедно постигнавме многу за здравството, продолжуваме да ги следиме потребите на граѓаните

Заедно постигнавме многу за здравството, продолжуваме да ги следиме потребите на граѓаните

СДСМ е секогаш со граѓаните, сакаме да ги слушнеме граѓаните што мислат, да ги вклучиме во носењето на одлуки и креирање политики и затоа, многу често некои решенија стигнуваат директно од граѓаните, така работевме и во Министерството во овие три и пол години, отворено, транспрарентно и инклузивно, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

 

„Ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, сега тие се дуплирани, а некаде се зголемени и за повеќе од 100 отсто. Се помалку млади лекари сакаат да ја напуштат државата, затоа што претходно младите специјализанти не добиваа ниту денар, а сега добиваат 30.000 денари месечно а ќе добијат и надоместок за дежурство. Реновиравме бројни болнички одделенија и операциони сали. И тука во гостивар се реновираше хируршкото одделение, се реновира операционите сали, се набави нов апарат за рентген, а за нецели два месеци за првпат во историјата, болницата во Гостивар ќе добие апарат за магнетна резонанца“ порача Филипче.

 

Потпреседателот Филипе истакна дека СДСМ и во иднина останува со граѓаните, го слуша нивниот глас за заеднички да ги креира решенијата и тоа повторно ќе донесе резултат и за општините и за државата.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...