spot_img

Баргала АД – Работниците и ССМ бараат престанок на работодавач

СиндикатиБаргала АД - Работниците и ССМ бараат престанок на работодавач

Најчитано

Работниците од Баргала АД Штип и по истекот на рокот заклучно со 15.06.2021 година кога и требаше да се исплати платата за мај 2021 година како и заостанатите плати за септември 2020 и април 2021 година не го добија своите плати.

 

Претседателот на ССМ Дарко Димовски и беше заедно со нив на улица пред фабриката.

 

 

 

Работниците бараат да го искористат своето право согласно член 67 од ЗРО кој во ставот (1) предвидува ,,Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот.”

 

ССМ како во целиот изминат период обезбедува бесплатна правна заштита за работниците па така и овој пат во договор со нив, во текот на утрешниот ден од 8 до 16 часот во канцеларијата на ССМ во Штип, работниците ќе можат да соберат потписи за поведување иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот Баргала АД Штип и на тој начин да си ги наплатат своите парични побарувања.

 

По пријава од ССМ изминатите денови вршат инспекциски контроли УЈП и ДИТ.

 

Битката ја водиме до крај заедно со работниците.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе