spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Уште еден чекор напред во процесот на дигитализација

МИОА: Уште еден чекор напред во процесот на дигитализација

Дигитализацијата на услугите е многу важен процес за европската иднина на Република Северна Македонија. Министерот Шаќири беше присутен во Битола, каде што заедно со градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа Наташа Петровска го отвори центарот “Една точка за услуги”.

 

“Ова е директна инвестиција на Министерството за информатичко општество и администрација и имаме за цел овој центар да го претвориме во многу фреквентна локација каде што граѓаните на Битола ќе ги добијат потребните услуги” рече Шаќири.

 

Министерот Шаќири додаде: “Во моментот нудиме 62 директни услуги, посредници сме за над 65 услуги и нудиме над 800 потребни информации за добивањето на услугите. Ова е четврти центар “Една точка за услуги” што го отвораме после оние во Скопје, Тетово и Куманово. За краток временски период ќе го отвориме и центарот во Охрид”.

 

“Планираме да отвориме сервисни центри за услуги и во градови со над 25.000 жители, како што се Струмица, Струга, Велес, Гостивар итн. Нагласувам дека нема да ги заборавиме градовите со население помалку од 25.000 жители. Овие градови ќе ги опремиме со уреди кои се нарекуваат “документомати” за издавање на документи, преку кои граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните услуги”, го затвори својот говор министерот Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...