spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКСС„Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“

„Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“

На ден 22.06.2021г. КСС одржа национален семинар кој се одржа во рамките на проектот„Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“. На семнарот присуствуваа учесници од КСС и СОНК.

 

На семинарот беа презентирани резултатите од истражувањето кое го спроведе КСС со помош на СОНК за тоа колку се вклучени вработените во образовниот сектор во процесот на донесување на одлуки, да се слушнат нивните размислувања, да се увиди колку се запознаени со своите права од работен однос и колку се запознаени со работата на синдикатите.

 

Ова истражување имаше за цел да придонесе кон тоа подобро да се пристапи кон решавање на проблемите како вклученост на работниците во процесите на донесување на одлуки и право на учество на работниците во образовниот сектор, да се утврди улогата и влијанието на социјалниот дијалог, како и останати прашања од работен однос кои ги засегаат вработените во образовниот сектор.

 

Според анкетата најголемиот дел од анкетираните имаат работен стаж од 11 до 20 години. Тие работат на работни места како воспитувачи, наставници, асистенти, професори, што како што велат од КСС, значи дека се опфатени различни образовни институции и со тоа може да се види сликата во целиот образовен сектор.

 

Анкетата покажува дека 68 % од испитаниците се задоволни од работното опкружување во образовниот сектор, додека 20 % не се задоволни. 12 % не сакале да одговорат на ова прашање. Според истражувањето, незадоволството се однесува на платите, наградите, почитувањето на меѓусебните односи и вмешаност на политиката во секторот.

 

 

Работното опкружување е предизвик за 50 % од анкетираните; за 31 % не е предизвик додека 19 % не сакале да одговорат.

 

Како предизвик, вработените во образованието ја гледаат самата работа, новите трендови на образовниот процес, напредувачката атмосфера и мотивите за напредок. Особено се истакнува дека за време на пандемијата со Ковид – 19 новите начини и методи за спроведување на наставата се голем предизвик за наставниот кадар.

 

Во однос на подобрувањето на работните услови, 76 % од испитаниците се согласиле дека е потребно нивно подобрување, 10 % биле задоволни од условите за работа, а 14 % не сакале да дадат одговор. Во барањата за подобри работни услови се набројуваат, пред се хигиената, просторните услови, соодветна опрема за работа, како нагледни средства, компјутери, техничка опременост и останати ресурси за посовремено работење и образование.

 

Овие проблеми доаѓаат до израз и во време на пандемија и одржување на онлајн настава каде што интернетот и компјутерската технологија се од суштинско значење за спроведување на наставата.

 

Според 68 % од анкетираните, економските промени и Ковид кризата којашто се уште трае имаат влијание. Влијанието во образованието се гледа најпрво во пореметувањето на стандардниот систем на настава, воведување на нови и непознати протоколи и методи, кратки рокови за реализација, проблеми, несигурност и неизвесност за работните места.

 

Социјалниот момент, односно контактите со учениците, предавањата и оценувањата, како и контактите со колегите заради размена на мислења и идеи воопшто не постои. Тука станува збор и за дополнителните часови за работа, а во прашање се доведува нивната исплата. Безбедноста на работното место исто така влијае на работните места и тоа како потенцијална можност од заразување и ширење на вирусот.

 

100 % од испитаниците сметаат дека потребно е да се воспостави конструктивен дијалог со синдикатите, бидејќи тоа ќе произведи подобри работни услови, еднакви финансиски можности, учество на вработените во процесот на донесувањето на одлуки, информираност на вработените, поефикасно надминување на проблемите и соработка со надлежните институции.

 

Сето ова според анкетираните би се постигнало преку заживување на синдикатите, нивна поголема промоција, поголема присутност помеѓу вработените, враќање на довербата во синдикатите и зголемување на синдикалното членство.

 

56 % од испитаниците одговориле дека имаат успешна соработка со училишната управа, додека 46 % истакнале дека немаат соработка со истата.

 

Соработката се остварува преку добра меѓусебна комуникација, коректни односи и почитување, помош во работата. Негативното мислење во однос на соработката се однесува на тоа дека нема соработка поради поделбата според политичкото убедување, строгата хиерархиска поделеност во институцијата, доделување работни задачи вон можностите и должностите на вработениот, еднострано мислење на на работодавачот, немање слух за потребите на вработените.

Анализа – „Подобрување на вклученоста на работниците од образовниот сектор во донесувањето на одлуки“

 

Извор:  Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...