spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Силна поддршка за реформите во судството

МП: Силна поддршка за реформите во судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која беа дискутирани модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот Меморандумот за воспоставување на борба против корупцијата на САД.
Дополнително беше разговарана и Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.
Министерот Маричиќ ја потенцираше важноста на континуираната поддршка на САД и ја искористи средбата да ги презентира досегашните реализирани активности во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ги најави и следните чекори во областа на борба со корупцијата кои почнуваат наскоро, меѓу кои и Проектот на ОБСЕ и ЕУ за мониторингот на случаи на висока корупција.
Извршната наредба издадена од претседателот Бајден наиде на огромна поддршка бидејќи во актот акцент е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Министерството за правда и на Владата на Република Северна Македонија.
-Останува нашето партнерство, продолжува соработката  и обостраната заложба во бескомпромисната борба против корупцијата, беа согласни министерот Маричиќ и амбасадорката Брнз.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...