spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нови 1.500 метри водоводна мрежа

Ѓорче Петров: Нови 1.500 метри водоводна мрежа

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Алекандар Наумоски заедно со генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски извршија увид на работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Алексо Демниевски“.

Со оваа водоводна линија на улицата заедно со краците (од крак 1 до крак 29), која е во должина од 1.500 метри со полиетиленски цевки и дијаметар од 90мм значително ќе се подобри водоснабдувањето за корисниците од овој дел.

Инвестицијата е во вредност од 6 милиони денари.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте