Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Алекандар Наумоски заедно со генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски извршија увид на работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Алексо Демниевски“.
Со оваа водоводна линија на улицата заедно со краците (од крак 1 до крак 29), која е во должина од 1.500 метри со полиетиленски цевки и дијаметар од 90мм значително ќе се подобри водоснабдувањето за корисниците од овој дел.
Инвестицијата е во вредност од 6 милиони денари.
Извор: Општина Ѓорче Петров