spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССITUC и ETUC со реакција за односот на Владата кон КСС

ITUC и ETUC со реакција за односот на Владата кон КСС

Светската конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати упатија заедничко писмо до Претседателот на Владата, Зоран Заев со кое ја искажуваат својата загриженост за постојаните систематски притисоци и напади врз КСС и нејзините грански синдикати, како и за дискриминацијата на лидерите и претставниците на синдикатите што се рефлектирани преку деградирање, мобинг, вознемирување и откази.

Во прилог на следните линкови го пренесуваме:

писмото кое беше упатено до г-динот Зоран Заев

превод на писмото на македонски јазик

Со ова се покажува дека и најголемите синдикални централи се запознаени и го осудуваат рушењето на синдикалното движење и делување во Македонија кое се прави последните неколку години. Со сите дејствија кои се преземаат од страна на владата и од неа поставени функционери се нарушуваат не само правото за слободно синдикално организирање, туку и многу други човекови права и слободи кои се загарантирани како со законите во нашата земја, така и со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано и е обврзана да ги почитува.

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...