МЖСПП: Соопштение

МинистерстваМЖСПП: Соопштение
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерството за животна средина и птосторно планирање информира дека среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за 22.06 .2021 се благо надмината на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија.

При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови нема надминувања.

Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни.

Исто така во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img