spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

Насилната смрт во 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намален за 3.5 % во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 1.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2020 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %.

 

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70.5 %, самоубиствата со 24.0 % и убиствата со 5.5 %.

 

Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од Други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 43.2 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

 

Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16.7 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

 

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3.0 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...