spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви...

МТСП: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви можности и ресурси за сите граѓани

„Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници  во креирањето  и имплементацијата на  политики и решенија кои имаат за цел  градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани“,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации – UNRCO,OHCHR,UNDP,UNICEF,UNFPA и Светска банка.

Министерката Шахпаска заедно со тимот од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше приоритетите на кои нејзиниот ресор ќе работи наредниот период и нагласи дека од исклучително значење ќе биде стручната експертиза и поддршката што ООН во континуитет ја дава.

Постојаната координаторка на ООН во земјава, Росана Дуџак, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика повеќе од две децении е еден од главните партнери на специјализираните агенции на ОН. Тоа го потврдува и фактот дека 11 од 18 агенции на ООН имаат директна соработка со Министерството.

Таа соработка, нагласи Дуџак, ќе продолжи и ја поздрави иницијативата на министерката Шахпаски преку директна координација со ООН да се следи имплементацијата на актуелните проекти, но и да се договара идната соработка.

 

Министерката Шахпаска нагласи дека целосната инклузија на лицата со попреченост, социјалните услуги, родовата еднаквост, поттикнување и поддршка на вработувањето на најтешките вработливите лица, зголемување на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование се областите на кои агенциите на Обединетите нации продолжуваат да ги поддржувааат политиките на Министерството за труд и социјална политика.

 

Министерката Шахпаска информираше дека ваквите координативни средби ќе станат редовна пракса за унапредување на јавните политики во социјалата и трудот во нашата земја.

Извор: Влада

Прочитајте