spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОд исклучителна важност е градењето на заеднички капацитети за пристап и користење...

Од исклучителна важност е градењето на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ за регионалната соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, кој заедно со своите соработници остана во работна посета на Скопје откако вчера учествуваше на Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција, и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании.

На средбата беше истакнато дека Првиот Економски Форум во Скопје е од исклучително значење како платформа за поврзување на регионалните и меѓународните политички лидери, амбасадори, претприемачи, истакнати личности од различни општествени сфери.

Премиерот Заев и поранешниот градоначалник на Солун и успешен бизнисмен Јанис Бутарис се согласија дека од посебна важност е што на Самитот беа вклучени прецизно избрани теми кои во фокус ги имаат најсуштинските прашања кои ја засегаат Северна Македонија, соседните земји и регионот, особено кога станува збор за одржливата и успешна економска билатерална и регионална соработка и развој.

Како еден од најуспешните бизнисмени во винската индустрија во Грција и во регионот, Бутарис го запозна премиерот Заев за новите иницијативи со кои е дојден во нашата земја за кои интерес покажале дел од најголемите домашни производители на вино.

На средбата беше истакнато дека од огромна важност е взаемната соработка и поддршка меѓу Северна Македонија и Грција на градење на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ, особено на оние кои се однесуваат на регионалната соработка.

Извор: Влада

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...